Правда за штедачи од Пендаровски побараа поддршка за конечна одлука

Претставници на здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банката Правда за штедачи на вчерашната средба со претседателот на Македонија Стево Пендаровски разговараа за сериозноста на организираниот криминал направен врз 3.000 семејства директно оштетени од пропаднатата банка, жртви на криминалот тежок речиси 60 милиони евра.

Претставниците на здружението на Пендаровски му доставиле писмени докази и извештаи за големината на криминалот организиран од раководните лица од Еуростандард банка како и соодветното неделување на гувернерката и нејзниот прв тим од Народна банка, кои со години го толерирале и го дозволиле организираниот масовен грабеж на депозити од банката, соопштија од здружението.

„Од претседателот побаравме да се заложи сите евентуални криминални дејства сторени од кој било субјект да се разрешат во соодветна законска процедура од страна на надлежните органи. Исто така, беше побарано претседателот да помогне во рамките на неговите ингеренции во прибирање на дополнителни доказни материјали преку декласифицирање на истите, кои би послужиле во натамошните постапки.

Побаравме и поддршка во донесување на конечна одлука за целосно обештетување ограбените семејства само со средства од стечајната постапка, притоа не посегнувајќи по буџетски средства на државата. Со неодамнешната одлука на Уставниот суд и укинувањето на спорниот член 163 став 3 од Законот за банки, со којшто се дефинираше Фондот за осигурување на депозити како доверител и истовремено му се даваше предимство за наплата од стечајната маса пред сите други доверители, сега конечно и правно се создадоа услови за донесување на конечна одлука. Веруваме и очекуваме дека таа одлука ќе ја задоволи правдата кон 3.000 семејства кои среде светска пандемија и тешка економска криза беа оставени без своите лични парични средства.

Му благодариме на Пендаровски за неговото трпение внимателно да ги ислуша деталите, како и за неговата подготвеност да помогне во овој наш трнлив пат до правдата и носењето на конечна одлука за целосно обештетување“, се вели во соопштението на Правда за штедачи.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе