Правда за штедачи: Како Јанев трејд-мар од Еуростандард само со меница добил кредит од 625 илјади евра?

Според извештајот за банката од стечајниот управник Душко Тодевски, Јанев трејд-мар дооел увоз-извоз е фирма со седиште во Струмица која е само една од бројните примери на фирми кои со огромна тековна задолженост, со долг кон Еуростандард банка од 625 илјади евра кој никогаш не е вратен. За овој кредит фирмата 438 дена или до минатогодишното затворање на банката не платила ниту една рата, а го обезбедила кредитот само со обична меница. Не платила ниту еден денар од 2019 година, се вели во денешното соопштение на здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка Правда за штедачи.

„Податоците за фирмата говорат дека таа е основана во јули 2013 година, со непаричен влог од 5 илјади евра. Сопственик и управител на фирмата е Ѓорге Јанев. Основна дејност на фирмата е трговија со пијалоци на големо.

Билансите покажуваат дека оваа фирма била презадолжена со години. Во 2019 година фирмата имала долгови од околу 750 илјади евра додека капиталот и резервите на фирмата биле 24 илјади евра. Односно, долговите на фирмата биле околу 30 пати поголеми од нејзиниот акумулиран капитал. Задолженоста на фирмата била 97 отсто, што ја прави истата презадолжена, нестабилна и високоризична за соработка. Фирмата тековно должи и над 8 илјади евра во Управата за јавни приходи. На основа на кои критериуми, кредитна анализа и финансиски показатели е одобрен овој кредит од менаџментот на банката? Фирмата ниту имала капацитет ниту била бонитетна да земе кредит, а го добила со обезбедување само со обична меница. Не плаќала рати со години и никој не направил ништо околу тоа. Очигледно, менаџментот на банката не бил заинтересиран за наплата на кредитот. Веројатно е така поради тоа што парите биле дадени на вересија додека дел од нив бил поделен со оние кои ги одобриле ненаплатливите кредити.

Дали истражните органи го прашале и сопственикот на фирмата Ѓорге Јанев како неговата фирма го добила ненаплатливиот кредит и каде всушност завршиле нашите пари? Повеќе од јасно е дека тоа се земени пари од банката за да не се вратат.

Како тоа гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска не го видела ниту овој високоризичен ненаплатлив кредит, еден од многуте од ваков вид во ограбената банка? Кога гувернерката Бежоска ќе одговара за соучеството во грабежот на нашите депозити? До сега не добивме одговор на многу наши суштински прашања од оваа личност поставена на високо одговорна државна функција.

Над 3.000 семејства на граѓани и фирми им го одземаа целиот личен имот доверен во лиценцирана и контролирана, но ограбена банка. Криминал тежок речиси 60 милиони евра. Фактите и доказите за сторениот организиран криминал и високата корупција во ограбената Еуростандард банка се веќе одамна на дофат. Но, молкот и толерирањето на грабежот од сите надлежни државни институции не престанува. Затоа ние продолжуваме со изнесување на понатамошни факти за начините на кои истиот е организиран и реализиран, факти кои за пошироката јавност ќе стануваат се поинтересни“, се вели во соопштението на здружението Правда за штедачи.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе