Правда за штедачи: И ова го има по македонските судови, денеска заверен предмет, утре пресуда

Јавно го повикуваме Судскиот совет да отвори предмет во однос на стручноста и совесноста при постапувањето на судиите во Апелацискиот суд Скопје Мери Дика Георгиевска претседател, м-р Наташа Савовска Димитровска и Петранка Ташева членови на советот, по предметот ТСЖ-1554/21 оформен по жалба против Решението СТ-123/20 од 27 август 2021 година на Основниот граѓански суд Скопје, соопштуваат од здружението на оштетени штедачи во Еуростандард банка Правда за штедачи.

Тие сметаат дека е невозможно по жалбата на група доверители на Еуростандард банка против решение на Основниот граѓански суд Скопје Апелацискиот суд да биде толку брз и се сомневаат дека нивните решенија се пишуваат некаде на друго место, а не во судот.

„Ретко некој да може да поверува дека жалбата поднесена на решение на Основниот граѓански суд Скопје на 16 септември, дополнета на 20 септември, доставена во архивата на Апелацискиот суд Скопје на 22 септември, веќе утредента, на 23 септемвеи да биде решена. И одбиена како неоснована, се разбира. Внимавајте, предметот во архивата на Апелацискиот суд бил доставен на 22 септември за на 23 септември веќе да е постапувано и донесено решение по него. На 1 октомври одржавме конференција за медиуми пред Апелацискиот суд на која со јавноста ја споделивме  загриженоста дека и покрај големата битка за правда, постои сериозна можност преку стечајната постапка на Еуростандард банка, депонентите физички и правни лица чии депозити се заробени во стечајната маса на банката, да доживеат уште една голема неправда. Овојпат, поради неспроведување на Одлукатата на Уставниот суд од 25 мај 2021 година со која беше укинат членот 163 став 3 од Законот за банки, и тоа токму во стечајната постапка што се води за Еуростандард банка. Ги повикавме сите релевантни органи во државата кои во изминатиов период постојано наведуваат дека судството во континуитет се реформира, или дека е реформирано, будно да го следат овој случај. Следењето на овој случај е потребно бидејќи тој може да се претвори во пример за неуспех на реформите и показател дека преку судот не може да се дојде до правда и правичност и дека во судот не владее правото и не постои правната држава“, велат од Правда за штедачи.

Тие велат дека судиите во Апелацискиот суд Скопје, кои работеле на предметот, потврдија и нешто друго, дека немаат ниту грам образ и морален кредибилитет.

„Советот на Апелацискиот суд кој постапувал по жалбата бил во состав Мери Дика Георгиевска претседател, м-р Наташа Савовска Димитровска и Петранка Ташева членови на советот, се за секоја пофалба во однос на ажурноста, па веројатно и кандидати за Гинисова книга на рекорди во однос на брзото постапување кај вака обемен предмет. Особено тоа важи за судијата-известител, која според нашите информации била м-р Наташа Савовска Димитровска. Човек да се запраша дали е потребно, можеби, членовите да се унапредат на највисоките функции во судсвото за да бидат главни носители на реформите, барем кога е во прашање ажурноста на судовите.

Но, пред унапредувањето, има неколку прашања кои логично се поставуваат, и кои јавно ги повикуваме релевантни органи во државата, особено Судскиот совет, да ги проверат:

Дали судијата-известител м-р Наташа Савовска Димитровска и другите предмети кои ги работи ги закажува за одлучување и ги реферира за еден ден?

Дали советот во целина, во состав Мери Дика Георгиевска претседател, м-р Наташа Савовска Димитровска и Петранка Ташева членови на советот, другите предмети ги одлучува за еден ден? Поточно, дали има друг пример на предмет одлучен од овој совет за еден ден?

Ја повикуваме судијата известител м-р Наташа Савовска Димитровска и судиите Мери Дика Георгиевска и Петранка Ташева да образложат кога успеаја да го проучат овој обемен предмет составен од илјадници документи и докази и колку време, на секој судија поединечно, му требаше за проучување?

Зошто беше потребно по предметот да се постапува веднаш, веќе наредниот ден по приемот во архивата на судот?

…Наша претпоставка е дека тие донесеното решение го добиле готово, така како што го изгласале, без да мислат многу и да прават анализа на предметот. И затоа овој предмет може да се претвори во пример за неуспех на реформите и показател дека преку судот не може да се дојде до правда и правичност и дека во судот не владее правото и не постои правната држава. Но, и потврда дека судот ништо не одлучува, туку дека добива готови решенија од некое друго место. Независно кое место е тоа, судството со оваа одлука покажува дека не само што нема независност, туку нема ниту срам, ниту перде. Напротив, кога е во прашање кршење на правата на граѓаните, судот нема лице, туку ѓон. Затоа, на крајот ќе потсетиме дека суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните, и дека народот е тој што ќе им суди и на судиите кои погрешно судат“, се вели во соопштението на Правда за штедачи.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе