Правда за штедачи: Граѓанскиот суд сега треба само да ја спроведе одлуката на Уставниот суд

По завршувањето на одморите по судовите здружението на оштетени физички и правни лица Правда за штедачи потсетува дека треба да продолжи стечајната постапка за Еуростандард банка и дека одлуката на Уставниот суд од 25 мај со која е укинат член 163 став 3 од Законот за банки треба да се примени од Основниот граѓански суд Скопје и од сите други органи кои ја водат стечајната постапка.

„Со одлуката на Уставниот суд Фондот за осигурување на депозити го губи приоритетот за наплата по основ на исплата на осигурени депозити на физички лица до 30.000 евра, туку тој го губи и статусот на доверител во понатамошниот тек на стечајната постапка по овој основ. Тоа значи дека Основниот граѓански суд Скопје, во понатамошниот тек на стечајната постапка, треба да ги запре од извршување сите акти во кои Фондот за осигурување на депозити е утврден како доверител по основ на исплатени осигурени депозити на физички лица во висина до 30.000 евра.

 Основниот граѓански суд Скопје веќе одлучил дека побарувањето на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплата на осигурените депозити на физички лица до 30.000 евра е утврдено врз основа на член 163 став 3 од Законот за банки. Тоа може да се види од Пријавата на побарување што во стечајната постапка ја поднел Фондот каде е наведено дека пријавата е поднесена врз основа на член 163 став 3 од Законот за банки, како и врз основа на Решението на судот од 06.11.2020 година каде ваквата пријава е прифатена и побарувањето на Фондот, токму по овој основ, е утврдено.

Дополнително, Основниот граѓански суд Скопје во истото Решение одбил приговор на друг доверител кој го оспорувал статусот на Фондот како доверител со образложение дека ова право е утврдено врз основа на член 163 став 3 од Законот за банки. Значи, самиот Основен граѓански суд Скопје веќе ја утврдил фактичката состојба од која произлегува дека правото на Фондот за осигурување на депозити да биде доверител во стечајната постапка произлегува од член 163 став 3 од Законот за банки. Ваквите судски одлуки, во понатамошниот тек на постапката го обврзуваат судот, што значи дека вака утврдената фактичка состојба мора да биде појдовна основа за решавање на статусот Фондот во понатамошниот тек на постапката.

Одлуката на Уставниот суд создава формално-правни претпоставки за целосно ревидирање на статусот на Фондот за осигурување на депозити во понатамошниот тек на стечајната постапка. Тоа значи дека ќе настанат промени во делот на утврдените побарувања бидејќи за делот на побарувањата по основ на исплатени осигурени депозити на физички лица до 30.000 евра Фондот за осигурување на депозити нема да има основ да биде доверител во стечајната постапка бидејќи основот (член 163 став 3 од Законот за банки) отпаднал.

Фондот за осигурување на депозити, во понатамошниот тек на стечајната постапка, нема правен основ да ги побарува овие средства од стечајната маса, или со други зборови, нема активна легитимација понатаму да учествува во стечајната маса како доверител во однос на овие средства.

Ова подразбира дека стечајната постапка за Еуростандард банка треба да продолжи паралелно со решавање на прашањето за понатамошниот статус на Фондот за осигурување на депозити, но она што во таква ситуација е битно за оштетените депоненти е дека, во стечајната маса на банката има доволно средства сите да бидат обештетени и никој да не остане оштетен. Оштетен нема да биде ниту Фондот за осигурување на депозити, бидејќи тој средствата што ги исплатил ги наплаќа како премија од банките и штедилниците, додека депонентите физички и правни лица ќе ги наплатат сопствените заробени средства во стечајната маса на Еуростандард банка. Затоа, повторуваме, правните последици од одлуката на Уставниот Суд значат дека никој нема да претрпи штета, и дека без буџетски средства, без средства од јавните приходи на граѓаните, ќе се реши ова прашање на задоволство на сите“, се вели во соопштението на здружението Правда за штедачи.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе