Правда за штедачи: Финансиската полиција да провери каде завршиле 1,6 милиони евра на Зоран Црвенковски, сопругот на Павлина Црвенковска

Арафат Муареми, директорот на Управата за финансиска полиција, на прашањето каде завршиле парите од Еуростандард банка поставено во февруари оваа година, јавно изјави дека се на добар пат со истрагата и дека се гледа крајот на тунелот за банката. Здружението на оштетените штедачи од Еуростандард банка Правда за штедачи бара веднаш да се испита како работела фирмата „Екопласт рисајклинг“ која земала и не вратила кредит од 1,6 милиони евра од Еуростандард банка.

Овие пари и фирмата не се дел од анкетниот лист на Павлина Црвенковска, новоизбраната претседателка на Судскиот совет, инаку сопруга на Зоран Црвенковски, сопственик на „Екопласт рисајклинг“. Таа вели дека фирмата на нејзиниот маж во 2014 година влегла да инвестира во фабрика за рециклажа на пластика и за таа цел подигнала неколку кредити од банката и сите средства кои се земени се наменски, подигнати според сите законски прописи и ниту еден денар не завршил во приватни џебови на луѓе во или надвор од државата. Во периодот од 2014 до 2018 година фирмата работеше активно, во неа беа вработени 50-тина работници кои остваруваа извоз на пазарот во Италија и во Турција и остваруваше приходи во милионски износи, изјави Црвенковска.

„Според официјалните објавени финансиски биланси од Централен регистар, од 2015 до 2019 година фирмата „Екопласт рисајклинг“ имала континуирани годишни загуби од 165 до 450 илјади евра, долгови од 900 илјади до 1,8 милиони евра и негативен капитал од 150 илјади до 1,5 милиони евра. Приходите на фирмата биле далеку помали од милионски износи. На пример, во 2015 година, фирмата имала вкупни приходи од околу 32.000 евра. Тековните средства на фирмата во истиот временски период се движеле од 50.000 до 350.000 евра додека нетековните средства биле од 280.000 до 420.000 евра. Овие износи се значително пониски од 1.600.000 евра, колку што изнесува и преостанатиот долг на фирмата. Следствено, се поставуваат повеќе прашања за финансиската полиција. Каде отишле нашите пари од 1.600.000 евра, бидејќи според официјалните податоци постои сомневање дека земените пари како кредит од банката не завршиле во билансите на фирмата за наменско инвестирање во фабриката за рециклажа како што јавно тврди Павлина Црвенковска? Дали фирмата ги прикажувала вистинските приходи доколку остварувала милионски износи од извоз во Италија и Турција како што исто така јавно тврди Павлина Црвенковска, а со тоа можеби и прикрила односно не платила данок кон државата или направила други можни малверзации?

Бараме од финансиската полиција веднаш да ги провери овие сомневања за фирмата должник „Екопласт рисајклинг“ од Скопје и да преземе активности од својата надлежност. Имотот на Павлина Црвенковска и нејзиниот сопруг тековно го истражуваат и од Државната комисија за спречување на корупцијата, која на 6 мај јавно изјави дека не можела да го најде матичниот број на Зоран Црвенковски, повикувајќи се дека сопругата Павлина Црвенковска се уште не им го дала матичниот број и затоа се уште не можеле да ја истражат неговата имотна состојба“, се вели во соопштението на здружението Правда за штедачи.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе