Правда за штедачи: „Чаме“ добил кредит од 232.000 евра од Еуростандард банка и не платил ниту една рата

Фирмата за трговија и услуги Чаме ДОО увоз-извоз Скопје должи околу 232.000 евра на Еуростандард банка и нема платено ниту една рата 377 дена или повеќе од една година пред затворањето на банката минатата година. За кредитот се води обична меница како единствено обезбедување. Ова е само еден од низата примери за тоа како Народната банка не си ја вршеше законска обврска на супервизија над работењето на банките во земјава. Како Народна банка вршела контрола над управувањето со кредитниот ризик на Еуростандард банка преку износите на посебно издвоените парични резерви кога многу од нив во портфолиото на нефункционални кредити од банката се лажно претставени, се вели во денешното соопштение на здружението на оштетените штедачи од Еуростандард  банката Правда за штедачи.

„Фирмата Чаме се занимава со трговија на мало со текстил во специјализирани продавници. Има двајца вработени и е со седиште во општина Карпош. Како и многу други фирми должници, и оваа фирма била клиент на Комерцијална банка пред да биде задолжена во Еуростандард банка. Управител на фирмата е Снежана Чамевска.

Според билансите на фирмата во изминатите 5 години, таа имала континуирани годишни загуби во рангот од 17.000 до 21.000 евра, додека долговите на фирмата континуирано растеле од 200.000, па се до 500.000 евра. Воедно, за целиот овој период фирмата била задолжена повеќе од нејзината вредност, односно околу 120 отсто.

За да Еуростандард банка ги покрие загубите за оваа кредитна изложеност, за процент на издвоената посебна парична резерва се водел 40,82 отсто. Според законските прописи за категорија на ризик, овој кредит бил класифициран во категорија на ризик „В“ односно за опсег од 20 до 45 отсто издвоена парична резерва од Еуростандард банка, што одговара за доцнење во намирување на обврските до 120 дена или со исклучок до 180 дена. Меѓутоа, во овој случај, фирмата доцнела со исплата 377 дена, што значи припаѓала во најлошата категорија на ризик „Д“. Во оваа категорија припаѓаат кредити кои доцнат со исплата над 241 ден и за кои банката е обврзана да издвои посебна парична резерва во опсег од 70 до 100 отсто од износот на кредитот. Со оглед дека работењето на фирмата било крајно проблематично и само со обезбедување од обична меница, паричната резервација на Еуростанард банка би требала да биде и 100 отсто. Ова значи дека Еуростандард банка за овој долг имала обврска наместо околу 95.000 евра, да резервира парични средства од минимум 232.000 евра, колку што била и целосната вредност на преостанатиот долг.

Зошто тоа Еуростандард банка не го направила и уште повеќе, зошто Народна банка тоа го дозволила!? Ова е директна одговорност и на супервизијата на Народна банка која го дозволила лажното претставување на кредитниот ризик на банката и издвоените парични резерви, и со тоа допринела доверителите на банката да се ограбат. Наместо да реагира и го спречи таквото однесување, Народна банка го толерирала грабежот на нашите доверени парични средства во така „контролираната“ банка.

Во извештајот за банката од стечајниот управник се заклучува дека во банката имало делење на многу ненаплатливи и тешко наплатливи кредити, со минимално обезбедување, како и лошо управување со кредитното портфолио поради непостоење или целосно занемарување на системите за управување со кредитниот ризик.

Сето тоа резултирало со речиси 60 милиони евра проневерени и украдени пари од депонентите на Еуростандард банка, физички и правни лица. Тоа е и директна заслуга од начинот на супервизија на Народна банка, а пред и се на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и директорката на секторот за супервизија Викторија Глигорова. Одговорност за ваквото криминогено однесување мора да има“, велат од Правда за штедачи.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе