ЕСМ

Пожар на лента во РЕК Битола

Во петокот утрото во рудникот Суводол во РЕК Битола изби пожар на лента за пренос на јаловина (земја). Причина за пожарот е пролизгување на погонски барабан на јаловинската станица ЕТО 3 преку која се врши пренос на ископаната земја. Во пожарот изгореа неколку десетици метри лента. Благодарение на брзата реакција на вработените, системот истиот ден беше пуштен во функција.

Во сложениот систем на производство во РЕК Битола, вклучени се работници со подолг работен стаж и во многу мал дел новопримени лица. Во тек е постапка за утврдување на евентуален пропуст во работењето, по што ќе бидат преземени сите законски мерки доколку одговорност биде утврдена. Инаку, материјална штета по АД ЕСМ и подружница РЕК Битола во никој случај нема да биде предизвикана бидејќи лентата е предмет на осигурување.  

Долгогодишниот застој во набавка на нова опрема и ревитализирање на системите, на крајот го зема својот данок. Комбинатот ги вложува сите свои сили целосно да ги санира последиците од јавашлукот во минатото, за што потврда се производствените резултати во првите пет месеци од годинава, се вели во соопштението на ЕСМ.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе