Повеќе со депозитите од УНИ банка

УНИ банка АД Скопје изврши зголемување на каматните стапки на депозитите на физички и правни лица во валута МКД и ЕУР дури до 0,4пп. Со оваа промена го продолжуваме поволниот тренд кај депозитите во зависност од рочноста, валутата и начинот на  исплата на каматата.

Со ревидирањето на каматните стапки на своите депозити УНИ банка го следи сигналот на НБРМ која ги зголеми истите на благајничките записи за 0,5пп до мај, како превентивен одговор на нагорните движења кај инфлациските очекувања. Со зголемувањето веруваме дека банката обезбедува додадена вредност за клиентите на долг рок.

Нашата политика е да одржуваме продукти со фиксни конкурентни каматни стапки, кои на клиентите им даваат сигурен принос во договорниот период, а воедно и можност за неограничено дополнително вложување на средства на постоечкиот депозит. Депозитите на физички лица се осигурани во Фондот за осигурување на депозити.

На своите клиенти, постоечки и идни, им овозможуваме да го изберат депозитниот  продукт кој најмногу одговара на нивниот финансиски план и ќе им помогне да ја зголемат заработката.

Умната депозитна сметка е продукт кој овозможува каматна стапка која прогресивно расте дури до 3%.

Можноста за слободна уплата и се разбира исплата на средства од сметката во секое време, го прави уникатен продукт на пазарот. На клиентите им нуди чувство на сигурност и слобода во располагањето со сопствените средства.

Се разбира тука е и Депозитот фикс, како и Детското штедење со фиксна каматна стапка дури до 2,1%.

Во чекор со дигиталните трендови тука е и опцијата за орочување и дополнување на депозити преку платформата за електронско банкарство.

Комерцијален текст

 

 

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе