Повеќе од 600 клиенти на Халкбанк ја прифатија понудата за грејс период

Повеќе од 600 компании клиенти на Халкбанк, со над 9.600 вработени и со кредитна изложеност во банката во висина од 140 милиони евра, ја прифатија понудата за одложено плаќање на тековните кредитни обврски за период до 6 месеци и пролонгирање на доспевањата на краткорочните кредити, во зависност од индивидуалната потреба на компаниите засегнати од кризата.

Ова индиректно значи поддршка на стопанството во одложување на плаќањата на фирмите по основ на кредитни задолженија во износ од околу 30 милиони евра.

Во рамки на компаниите кои ги искористија мерките, најголем дел припаѓаат на малите и средните претпријатија кои беа и најзасегнати со оваа ситуација. Па така, 354 мали компании кои во банката имаат кредитна изложеност во висина од над 43 милиони евра и 198 микро компании со кредити во висина од 10,7 милиони евра ја прифатија понудата на Халкбанк. Позитивно одговорија и 38 средни компании со изложеност од 33,9 милиони евра, како и 18 големи фирми кои имаат и најголема кредитна изложеност од околу 51,7 милиони евра.

„Поаѓајќи од фактот дека огромен број стопански гранки се засегнати од кризата предизвикана поради пандемијата од вирусот ковид–19 и водејќи се од своето основно начело „Важни се луѓето”, Халкбанк АД Скопје уште на 20-ти март усвои мерки и подготви пакет производи кои ги сподели со своите клиенти – правни лица, почнувајќи од најмалите микро до корпоративните компании. Со подготвените мерки им овозможивме на фирмите да ја зачуваат ликвидноста и да ја искористат за нивните најнеопходни потреби во наредниот период на намалена или, пак, стопирана бизнис активност“, изјавија од Халкбанк АД Скопје.

Покрај преземените пакет мерки, согласно анализата за потребите на фирмите во наредниот период, Халкбанк АД Скопје ќе понуди и можност за дополнително финансирање за потребите на компаниите за обртни средства со овозможување на прилагодливи услови за отплата, согласно природата на бизнисот, како и можност за одобрувања на нов кредит за рефинансирање на постоечка изложеност со олеснителни услови.

Со сите овие мерки и активности, Халкбанк АД Скопје уште еднаш ја покажува својата подготвеност и решителност да ја поддржи ликвидноста на реалниот сектор и економијата дури и во вакви тешки и непредвидливи моменти, како и за активна поддршка на бизнис заедницата во кризниот и пост-кризниот период.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе