Повеќе од 20 илјади фотографии веќе се испратени на натпреварот на Хуавеј

Повеќе од 20 илјади европски љубители на мобилната фотографија веќе ги доставиле своите фотографии и видеа на Huawei Next-Image Awards 2020.

Уникатноста на фотографиите лежи во фактот дека тие покажуваат индивидуална перспектива за согледување на реалноста. Леќите на камерата се призма која ни овозможува да го покажеме светот околу нас на персонализиран и единствен начин. Секој фотограф има свој стил и техника на фотографирање. Но, она што сите тие имаат заедничко е страст кон естетиката и убавината. Целта на Huawei Next-Image Awards 2020 е да создаде заедница на љубители на мобилна фотографија и да го открие нивниот талент пред глобалната јавност.

На глобално ниво се доставени над 600.000 дела. Рокот за пријава е до 31 јули 18 часот по средноевропско време, на 31 јули. Направете уникатна фотографија или видео и натпреварувајте се со учесниците од други земји.

„Професионалната фотографија е континуиран процес на учење кој бара време, бесконечен број повторливи снимки и техничко знаење. За да бидете најдобри од најдобрите, потребна ви е постојана желба да се развиете. Кога ги подобрувате вештините, исклучително е корисно да се консултирате со луѓе со повеќе искуство, кои ќе ја разгледаат вашата работа на професионален начин и ќе ги споделат своите совети. Собирањето мислења и преземањето нови предизвици е клучно во секоја фаза, затоа што можеме да се подобриме.

Дури и ако штотуку ја започнавте вашата авантура со мобилна фотографија, преземете предизвик да ги доставите своите најдобри дела до Huawei Next-Image и да видите дали тие ќе им се допаднат на водечките и реномирани светски експерти за фотографија, заземајќи место во жирито на натпреварот“, вели организаторот.

Кои се советите на жирито?

Стив Меккари - Наградуван фото-новинар и креатор на „Авганистанска девојка“

„Важно е фотографот да работи на локација за која е заинтересиран и страствен, на одредена идеја или проект. Ако воспоставите силна емотивна врска со вашиот предмет, може да дојдете до успешен резултат“.

Елизавета Породина - Уметник, фотограф и клинички психолог

„Фотографијата и психологијата не се толку далечни како што првично би можеле да помислите. Кога се практикуваат правилно, и двете дисциплини се стремат да ја откријат длабочината на нивниот предмет - тие сакаат да го проучат, опишат и целосно да го разберат уникатното однесување на протагонистот. Кога оценувам фотографија, барам едноставна изразеност на безлична композиција што ја прифаќа и се испреплетува со пораката на сликата“.

Рубен Крабе – Фотограф специјализиран за Природа и екстремни спортови

„Ова е редок момент во историјата. Сведоци сме на првата пандемија од пронајдокот на дигиталните фотоапарати и телефони со фотоапарати, каде што мора да дејствуваме заедно за да го зачуваме здравјето. Мислам дека сликите што ја истражуваат пандемијата и нашиот одговор ќе бидат многу интересни. Сите сме различни, но имаме слично искуство и слично секојдневно дејствување. Да се долови тоа масовно однесување би било многу интересно како групен проект на Интернет. Поедноставен начин за играње со фотоапарати за време на пандемијата е макро фотографија. Може да покаже многу детали во секој дел од домот. Растенијата и храната имаат цел свет со мала текстура што вреди да се истражува“.

Каролина Хенке - Реномиран моден и уметнички фотограф

„Се обидувам да ја раскажам приказната преку глетките и толкувањата што се во мојата глава, за мене приказната е навистина во гледачот. Тие размислуваат и создаваат своја лична приказна со свои искуства и гледна точка на својата приказна, се надевам дека ќе ги инспирирам да го сторат тоа“.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе