Програма за рурален развој

Потпишание договори со 11 градоначалници за капитални инфраструктурни проекти

Градоначалници од 11 општини денеска во Владата потпишааа договори за реализирање капитални инфраструктурни проекти со средства од Програмата за рурален развој.

Согласно пристигнатите и одобрени 200 проекти за кои се обезбедени над 38 милиони евра, договори ќе потпишат сите 80 општини од осумте плански региони.

Како што објаснија вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за земјоделство Трајан Димковски и директорот на Платежната агенција Николче Бабовски, општините со парите ќе градат и обновуваат патишта, водоводни и канализациски мрежи, пазари, но и меѓусебно инфраструктурно да се поврзат.

Целта е подобрување на условите за живот во сите општини, посебно во руралните средини, како и унапредување на рамномерниот регионален развој.

Согласно Програмата, општините за секој проект најпрво ќе добијат 20 отсто од поддршката, а по неговата реализација и плаќањето ДДВ за инвестицијата, префрлена ќе им биде целосната сума.

„Договорите што од денеска ги потпишуваме, ги решаваат инфраструктурните проблеми на општините. Всушност, почнува многу важна Програма за унапредување на животот и условите во руралните средини. Владата одвои сериозна сума за рамномерен регионален развој“, истакна Анѓушев откако договорите им беа врачени на градоначалниците.

Средствата од централниот Буџет, нагласи вицепремиерот, се грантови за општините зашто тие ќе треба да го платат само данокот на додадена вредност за реализираната инвестиција.

„Наша цел е да обезбедиме достоинствен живот за сите граѓани во државата, од сите општини, и да овозможиме младите да останат тука“, рече министерот Димковски.

Според директорот Бабовски, поквалитетниот живот, обновата и развојот на селата, како и зачувувањето и негувањето на традиционалните вредности, се во основата на Програмата за рурален развој.

„Од овој момент, општините веќе можат да почнат со реализирање на инвестициите. Некои од нив добија по еден, некои по два, а некои и по три проекти, нагласи Бабовски“, додавајќи дека со поддршката директно ќе се придонесе за рамномерен регионален развој на државата.

За првите 11 општини, Македонски Брод, Новаци, Виница, Дебар, Велес, Крушево, Чешиново – Облешево, Пласница, Кратово, Сопиште и  Берово, кои денеска ги потпишаа договорите, се обезбедени 1,5 милиони евра.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе