Вина од Македонија

Постои реална опасност за целосен колапс на македонската винска индустрија

Кризата предизвикана од ковид-19 пандемијата предизвика сериозни пореметувања на глобалниот вински пазар, а истовремено направи и огромни штети врз македонската винска индустрија, се вели во соопштението на здружението „Вина од Македонија“, во кое членуваат најголемите производители и извозници на вино во земјата.

„Ковид-19 кризата предизвика пад на продажбата на вино на домашен пазар и до 80%, пред сѐ поради намалениот промет во угостителскиот и туристичкиот сектор каде се остварува најголем дел од потрошувачката на флаширано вино. Дополнително, обидите на големите производители на вино од Италија, Шпанија и Франција да се ослободат од големите залихи, предизвикаа намалување на цените на виното на клучните извозни пазари, особено на наливното, за повеќе од 40%, што креираше дополнителен притисок за намалување на цената на македонското вино што се пласира на странските пазари и намалување на вкупниот девизен прилив од извозот на вино.

Драстичното намалување на продажбата на вино на домашниот пазар и намалувањето на цените на виното на главните извозни пазари сериозно ја влошија финансиската стабилност и ликвидност на македонските винарници, што го доведоа во прашање редовното производството на вино и реализацијата на годинешниот откуп на грозје и претставува потенцијален проблем и за лозарите и за државата.

Во вакви крајно отежнати околности, македонските производители и извозници на вино се приморани да ги прилагодат своите деловни планови, вклучувајќи ја и ценовната политика за откуп на грозјето спрема условите што ги диктира пазарот и ситуацијата предизвикана од ковид-19 кризата. Производителите на вино, а особено извозниците на наливно вино се соочуваат со големи ценовни притисоци на светско ниво, што ја прави откупната цена нереална и невозможна без интервенција од државата. Дополнително, намалената побарувачка, како на домашно, така и на светско ниво, влијае и на потребите од количини грозје со што се става под знак прашање откупот на целата реколта.

Предложивме конкретен сет мерки кои треба да обезбедат вистинска поддршка и поттик за целокупниот македонски вински сектор, по примерот на мерките за поддршка кои ги применуваат владите во другите земји - големи производители на вино. Но, и покрај презентираните аргументи од страна на здружението, Владата досега не донесе одлука во врска со ова прашање.

За да може да се откупи целокупната количина на грозје од годинешната берба, по дефинирани цени, ќе биде неопходна директна финансиска поддршка од државата.

Доколку не се размислува рационално и не се дејствува брзо и одлучно, постои реална опасност за целосен колапс на македонската винска индустрија која обезбедува годишен извоз од околу 50 милиони евра и обезбедува работа и социјална сигурност за околу 30.000 индивидуални земјоделски стопанства, 12.000 сезонски работници и повеќе од 2.500 вработени во 74 регистрирани домашни винарски визби“, се вели во соопштението на Вина од Македонија.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе