Регулаторна комисија за енергетика

Поскапуваат бензинот и дизелот

Малопродажната цена на дизелот, екстра лесното масло за домаќинство и Еуросупер БС-98 од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар. Цената на Еуросупер БС-95 останува непромента.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика цената на Еуросупер БС-95 останува 67 денари за литар, на  Еуросупер БС-98 ќе изнесува 69,50 денари, на Еуродизелот 60,50 денари, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50 денари.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 33,237денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,144 отсто или за 0,85 долари за тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 1,846 отсто или 10,20 долари, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 1,896 отсто или за 10,25 долари и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,322 отсто или за околу 1,25 долари.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 54,68 денари и е за 0,504 отсто повисок.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе