Од вечер на полноќ

Поскапуваат бензините и дизелот

За денар до денар и половина се зголемуваат цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Еуродизелот (Д-Е V) поскапува за еден денар, додека Еуросупетот БС-95 и Еуросуперот БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапуваат за 1,50 денар.

Според тоа, новата цена на Еуросупер БС -95 ќе биде 67,50 денари за литар, Еуросупер БС -98 ќе се продава за 69,50 денари, а Еуродизел БС (Д-Е V) по цена од 57 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 46,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,368 денари за килограм и сега ќе изнесува 36,211 денари за килограм.

 

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе