Од ноќеска на полноќ

Поскапуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика информира дека од вечер на полноќ поскапуваат нафтените деривати во просек за 3,56 проценти.

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит и ќе изнесува 54,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит и ќе изнесува 57,00 ден/лит. Малопродажните цени на  Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари/литар и од вечерва на полноќ дизелот Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 47,00 ден/лит, додека малопродажната цена  на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 35,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,329 ден/кг и ќе изнесува 19,498 ден/кг.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе