Поскапува бензинот и дизелот, од утре нова методологија за пресметување

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 0,50 денари за литар, а за еден денар поскапуваат ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 72 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) 63,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 52 денари за литар.

Мазутот М-1 НС, пак, поевтинува за 0,078 денари и еден килограм ќе чини 34,377 денари.

Денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика е последна што се носи според досегашната методологија. Во иднина цените на нафтените деривати ќе се одредуваат според сосема нов концепт и нема да пресметува производна цена, туку основа ќе ѝ биде цената на суровата нафта на светските берзи на која ќе се додадат определени трошоци како премии на трговците, транспортот од пристаништата до резервоарите во кои трговците ги складираат нафтените деривати, трошок за пренесување од складиштето до бензинските пумпи, трошок за маржа…

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе