Поедноставување на постапките во неформалниот систем на образование преку швајцарски искуства

Поедноставување на ригидните и долготрајни законски процедури и регулативи кои постојат во неформалниот систем на образование во државата во делот на акредитирањето на програмите за возрасни во насока на поголема флексибилност на образованието кон пазарно ориентирани квалификации и вештини, предвидува меморандумот за соработка што денеска беше потпишан меѓу Стопанската комора на Македонија, како социјален партнер во образованието, Центарот за образование на возрасни и Швајцарската Федерација за образование на возрасни.

За да се постигнат квалитетни и долгорочно одржливи решенија на тоа поле, од кои ќе имаат корист сите во државата, а особено реалниот сектор, ќе се користат искуствата на Швајцарската Федерација за образование на возрасни.

„Заедничката соработка на трите институции преку конкретни решенија ќе овозможи скратување на постапката за верификација на програмите и акредитација на институциите што нудат неформално образование за преквалификација и доквалификација на поединците за понудените занимања. На овој начин сакаме да покажеме дека мора да работиме  на потребата образованието да го направиме поефикасно и на краток рок да испорачува оспособена работна сила“, рече Анета Трајковска од Стопанската комора на Македонија на денешната прес-конференција пред потпишувањето на меморандумот.

Таа посочи дека од 2012 година, кога почна концептот на акредитирање на програми за образование на возрасни, до денеска се верификувани 411 програми за квалификации и 150 понудувачи на образовни услуги.

Претставникот на Швајцарската амбасада во Скопје, Стефан Томаген  посочи дека развојот на технологијата ги принуди работодавачите да бараат подобро обучени и прилагодливи работници на барањата на пазарот на трудот и додаде дека еден од приоритетите на помошта што ја нуди Швајцарија во земјава е областа на образованието и економскиот развој.

„Парадокс е работодавачите да бараат обучени работници, а во исто време да има голема невработеност. Токму затоа Швајцарија одлучи да го поддржи овој проект за намалување на невработеноста и обезбедување обучена работна сила за работодавачите. Неговата цел е образовните институции побрзо да реагираат на барањата на пазарот за обученоста на работната сила“, рече Томаген.

Андре Шлафли од Швајцарската Федерација за образование на возрасни порача дека нивата цел е промовирање на неформалното образование и зголемување на знаењето и вештините на младите и возрасните во одржливо вработување и додаде дека државата мора да даде големо значење на неформалното образование ако сака да ја развие економијата.

„Модерното време бара флексибилни луѓе кои се способни да учат. Токму неформалното образование е континуирано образование кое може да се применува во секое време, односно во слободно време, на работно место и на курсеви. Затоа треба да се помогнат претприемачите за да го подобрат образованието на возрасните во нивната фирма“, рече Шлафли.

Тој посочи дека е неопходно да се подобрат комплицираните и долги процеси на акредитација на Центарот за образование на возрасни и среднорочно да се заменат со систем за осигурување на квалитет кој, потенцира, прави разлика меѓу разгледување на давателот на услуги и понудата.

„Од суштинска важност е бизнисот да биде вклучен во разгледувањето на понудата, односно економските сектори мора да дефинираат барања и обврски за таквите понуди. Анализа на постојните понуди за обучувачи за развој на сертификати е благодет за земјава“, а сорботката меѓу сите вклучени фактори мора да се зајакне, рече Шлафли.

Директорката на Центарот за образование на возрасни, Линдита Ќазими посочи дека Центарот постои од 2009 година и негова цел е да промовира модерен и функционален систем согласно европските стандарди и да овозможи квалификации согласно потребите на пазарот на трудот за личен, економски и општ развој на населението.

„Со потпишувањето на овој меморандум ќе имаме можност да ја продлабочиме соработката со неговите потписници, да го промовираме неформалното образование и доживотното учење и да овозможиме квалитетно неформално образование, како и да ја продлабочиме соработката со приватниот сектор и да создадеме нови квалификации и вештини согласно потребите на пазарот на труд“, рече Ќазими.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе