Агенција за енергетика

Подобро искористување на потенцијалот на обновливите извори на енергија

Директорот на Агенцијата на eнергетика Дарио Николовски во текот на вчерашниот ден оствари средба со претседателот Марко Бислимоски, потпретседателот Енвер Ељмази и комесарите Андријана Нелкова – Чучук и Атанаско Тунески на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија.

 

 

На средбата беше покренато прашањето од потребата за институционална соработка преку која на инвеститорите би им се понудила подобра презентација за инвестиции во делот на обновливите извори на енергија.

„Институционалната соработка значи директна помош на потенцијалните инвеститори при нивната одлука за вложување на својот капитал во нашата држава. Со оглед на навистина големиот број на сончеви денови со кои располага Република Северна Македонија интересот за овој вид на инвестиции кај нас е навистина голем. Овој процес со вмрежување на повеќе институции подразбира на едно место инвеститорите даги добијат сите информации кои им се потребни наместо досегашната пракса да посетуваат неколку институции. На овој начин инвеститорите одеднаш би добиле целосната слика  за условите и процедурите  од почеток до крај во процесот на реализација на инвестицијата“, рече Николовски.

На средбата директорот Николовски ги презентираше идните планови и тековните активности на Агенцијата за eнергетика со фокус на развојот на обновливите извори почитувајќи ги стандардите за заштита на животната средина.

Агенцијата за eнергетика останува посветена на подигнување на искористеноста на обновливите извори на енергија кои покрај економскиот бенефит значат и поздрава животна средина. Енергетската ефикасност во јавниот и приватниот сектор исто така носи сериозна заштеда на финансиските трошоци и придонесува за подобрување на условите за живот, соопшти Агенцијата за енергетика.

 

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе