Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Поднесовме 200 амандмани на предлог - буџетот, изјави Стојановски

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија во текот на вчерашниот ден, до кога беше рокот за поднесување, достави 200 предлог амандмани на Буџетот за 2023 година. Тој рече дека со амандманите се бара намалување на акцизите за горивата со цел да се испадне во пресрет на домаќинствата, но и на транспортните компании со што ќе влијаеме со намалување на крајните цени на производите, потоа, меѓу другите, дополнително одложување од една година на прогресивниот данок и сите измени во данокот за личен доход, помош за граѓаните, студентите и други категории на граѓани.

„Нашите предлози се резултат на континуирана комуникација со стопанските комори, синдикатите, студентите, средношколците, граѓанските организации и токму затоа имаме предлози во областа на даночната политика, образованието, научно истражувачката работа, здравството, инфраструктура, спортот, културата, земјоделство“, рече Стојановски.

Тој потсети дека буџетот за 2023 година изнесува рекордни 5,3 милијарди евра што се должи на високата инфлација за оваа година која, како што оцени, ќе продолжи и во текот на идната година. ж

„Покрај инфлацијата, државата планира да спроведе и т.н. даночна реформа со која ќе се зголемуваат даночни стапки и даночен опфат кај данокот на личен доход, данокот на додадена вредност и данокот на добивка. До овој момент од Владата има само најави за некаква реформа, но уште нема ништо доставено до Собранието на Република Македонија што претставува сериозен проблем поради неизвесноста во која се доведени стопанствениците, но и граѓаните. Неизвесно е дали ќе се врати во сила прогресивниот данок со стапка 80% повисока од основна и зголемување од 50% на данокот за рентање, капитални добивки и слични приливи на граѓаните“, рече Стојановски.

Пратеникот нагласи дека со амандманите ќе побараат намалување на акцизите за горивата со цел да се испадне во пресрет на домаќинствата, но и на транспортните компании со што ќе влијаеме со намалување на крајните цени на производите.

„Бараме дополнително одложување од една година на прогресивниот данок и сите измени во данокот за личен доход. Бараме да се помогне на граѓаните со тоа што до 30 април, до кога важи кризната состојба во енергетиката, ќе се применува викенд без ДДВ за прехранбени производи.
Покрај овие општи мерки за намалување на инфлацијата и даночниот товар на граѓаните во рамки на нашите амандмани се опфатени и барањата на синдикатите т.е. ССМ и КСС. Зголемување на средствата за плати за администрацијата за 15%. Нека се прифати овој амандман, а синдикатите и Владата нека договорат како овие средства ќе се поделат. Дали линеарно или процентуално или пак ќе се направи усогласување согласно минималната плата е работа што треба дополнително да се преговара, ако колегите од мнозинството го прифатат овој амандман. Бараме и зголемување на платите во МВР за 10%, но и ваучер од 3.000 денари за сите вработени во јавниот сектор за првите три месеци од 2023 година“.

Покрај тоа поднесени се и амандмани за инвестиции во областа на енергетиката кои со овој Буџет се скоро непостоечки.

„Државата мора да инвестира и во сопствени капацитети, а не само да дава ги раздава сопствените ресурси. Имаме и амандмани кои се од локален карактер поради игнорантскиот однос на Владата по дебаклот на локалните избори во 2021 година. Во најголем дел од општините победи опозицијата, но тоа не значи дека тие општини не треба да добијат финансиска поддршка од Владата како што секогаш во минатото добивале поддршка“.

Стојановски рече дека најмногу внимание како најактуелни, ќе предизвикаат тие кои се одесуваат на младите и нагласи:

„- 100 милиони денари за реконструкција на студентските домови
- 100 милиони денари за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови
- 200 милиони денари за еднократна финансиска помош за сите ученици во основно и средно образование кои доаѓаат од семејства со примања до просечна плата
- 200 милиони денари за покачување на субвенцијата за студентски оброк од 120 на 160 денари.
- 300 милиони денари за унапредување на науката и научно истражувачката работа“.

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе