Поддршка од Прокредит банката и ЕБОР за одобрување на енергетска ефикасност на домаќинствата

ЕБОР ги поттикнува инвестициите во зелена енергија во Македонија со поддршка од 1 милион евра за Прокредит банка Македонија. Средствата ќе го поддржат подобрувањето на енергетската ефикасност на станбените објекти, ќе помогнат во намалување на емисијата на гасови кои создаваат ефект на стаклена градина, и ќе го подобрат квалитетот на живеење на сопствениците на домаќинствата.

Прокредит банка Македонија ќе ги кредитира домаќинставата, здруженијата за домување и компаниите за сервисни услуги кои планираат да инвестираат во проекти на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Финансирањето на ЕБОР е под  Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ).

Потенцијалните инвестиции ќе вклучат зелени технологии како бојлери, прозорци и осветлување. Зградите во земјата имаат итна потреба од реновирање и поставување на изолација, што ќе ги намали трошоците за потрошувачка на енергијата и ќе ја зголеми удобноста.

Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ) во Македонија е дел од Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ) за Балканот во износ од 85 милиони евра, лансирана во 2017 година. Програмата е заедничка инцијатива на Европската Унија (ЕУ), федералното Министерство за финансии на Австрија и земјите кориснички на фондовите од Инвестициската Програма за Западен Балкан (ИПЗБ) . Имплементацијата  е под Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан (РПЕЕ ЗБ плус), финансирана од ЕУ и имплементирана во партнерство со Секретаријатот за енергетска заедница. ППЕЕ ЗБ Плус има донесено политика за поддршка на хармонизацијата на законите за енергетска ефикасност и регулативите за енергетска ефикасносот за зградите, согласно релевантните Европски директиви.

ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Македонија. До денес има инвестирано над 1,9 милијарди евра во над 118 проекти во земјата. Поддршката на зелената енергија е приоритет на банката, бидејќи е еден од најактуелните предизвици со кои се соочува земјата. 

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе