Подарок за сите А1 корисници секој ден до 30 декември преку апликацијата „Мојот А1”

Во последниот месец од годината, А1 Македонија ја збогатува новогодишната кампања и доделува вредни подароци за сите свои корисници.

„Новогодишната кампања на А1 Македонија ја продолжуваме со нови изненадувања и подароци за сите А1 корисници. Се што треба да направат корисниците е само да ја преземат и отворат најновата верзија на Мојот А1 и да го добијат својот подарок.  Ова е нашиот придонес за уште поубави празници збогатени со изненадувања за секој еден корисник, но и начин да посакаме добро здравје и нова година исполнета со многу убави моменти и комуникација”, изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.

Новогодишното изненадување преку апликацијата Мојот А1 важи за сите резидентни и бизнис корисници кои ја имаат последната верзија од апликацијата и се активни припејд или постпејд корисници.

Својот новогодишен подарок-изненадување во форма на интернет пакет, ТВ пакет, таблет, Ајфон 12 како и смарт бенд , корисниците ќе го откријат преку  најновата верзија  на апликацијата Мојот А1 (21 x Ајфон 12 64ГБ, 21 x Леново таблет М10, 21 x Смарт бенд, Интернет пакет, ТВ пакет).

Сите корисници бесплатно учествуваат во изненадувањето и истото нема никакво влијание врз нивната договорна обврска и тарифниот модел кој го користат. Подароците се доделуваат по случаен избор.

Новогодишната кампања е под името “Отвори го своето изненадување” за 2020 година.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе