Подарок билет за Скопје ЗОО за сите Магента1 корисници до 31 октомври

Во Скопската зоолошка градина живеат неколку стотици примероци различни видови животни кои потекнуваат од сите страни на светот. Шетајќи низ ЗОО Скопје во еден момент можете да се почувствувате како да сте на сафари помеѓу лавовите во Африка, а веќе во следниот – како да се наоѓате во шумите на Азија додека го гледате маестралниот долгорог тар. Секое животно има посебна приказна, а сега можете да влезете во дивиот свет на Зоолошката градина преку екранот на вашиот мобилен телефон со апликацијата Скопје ЗОО.

Запознајте ги подобро сите видови животни – со вчитување на QR кодот поставен пред секое живеалиште. Пребарувајте текстуални или аудио содржини за повеќе од 500 животни од 83 видови со податоци за видот и потеклото на животните, неговите навики, начинот на исхрана и многу други информации. Каде и да се наоѓате, со Скопје ЗОО дивиот свет ви е на дланка.

Ориентирајте се со дигиталната мапа и лесно најдете ја оптимална рута за посета на омиленото животно. И наместо да го поминете половина од времето резервирано за дружење со семејството во долгите редови пред билетарницата, купете билети онлајн и бидете безбедни во време кога социјалната дистанца е правило.

Доколку сте Магента 1 корисник, активирајте бесплатен електронски билет, само преку ТелекомМК апликацијата и искористете го најдоцна до 31 октомври. Секоја мобилна линија од Магента 1 фамилијата може да го активира бесплатниот електронски билет, кој треба да го имате на вашиот смартфон и да го покажете на билетарница.

Преземете ја бесплатно Скопје ЗОО апликацијата во три јазични верзии од Апстор и Гуглплеј.

Комерцијален текст

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе