Почнува Скопскиот економски и финансиски форум, еден од говорниците и нобеловецот Пол Кругман

„Одржување на растот во времиња на неизвесност и потоа" е темата на годинашниот Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ, што се одржува денеска и утре, во организација на Министерството за финансии.

Главен говорник на СЕФФ 2022 ќе биде добитникот на Нобелова награда за економија, американскиот професор Пол Кругман. Неговото учество е обезбедено во соработка со Американската стопанска комора во Северна Македонија – АмЧам.

За предизвиците во постпандемискиот период и градењето на поотпорна економија, ќе говорат и премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими, потпретседателката на Светска банка за Европа Ана Бјерде, еврокомесарот Јоханес Хан, како и експерти и функционери од земјава и регионот.

Дводневната дебата на СЕФФ ќе се фокусира на четири столба: „Макроекономски предизвици во турбулентни времиња", „Отпорност, конкурентност и регионална соработка", „Енергија, зелена транзиција и инфраструктура", „После кризата – двигатели за одржлив раст".

Скопскиот економски и финансиски форум (СЕФФ) е иницијатива на Министерството за финансии чија цел е да овозможи дебата за јавните политики на теми релевантни за Република Северна Македонија и за Југоисточна Европа, преку годишни конференции, повремени семинари и портал за анализи и коментари.

Форумот да ја поттикне синергијата на идеи и иницијативи на креаторите на политиките, политичките претставници, меѓународните партнери за развој, граѓанското општество, академската јавност, бизнис-секторот и другите експерти и засегнати страни за подобрување на политичкиот дијалог на економски и финансиски теми со национален и регионален опфат.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе