Почнува Европскиот самит на слободни зони

Европскиот самит на слободни зони што од денеска се одржува во Скопје со над 350 учесници, стартува со министерски панел посветен на државната помош за инвеститорите, на кој ќе учествуваат министерот за економија Крешник Бектеши и уште тројца министри од земји од регионот.

Ќе се разговара за усогласување на регионот за политиките и унифицирањето на ставовите околу доделувањето на државната помош. Европската унија бара усогласување околу државната помош за да нема  подредени зони.

Самитот претходно со поздрави обраќања ќе го отворат вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ)  Александар Младеновски и Мухамед Ал Зарони, претседател на Светската организација на слободни зони.

Во тек на самитот денеска ќе биде потпишан договор за соработка помеѓу ТИРЗ и Светската организација на слободни зони и ќе се одржат  панели на темите „Иднината на слободните зони и предизвиците со кои се соочуваат“, „Нелегална трговија и нејзините ефекти врз слободните зони и нивните безбедни програми“ и „Формирање здружение кое ќе ги опфати сите видови зони“.  Утре е предвидена посета на слободната економска зона во Скопје.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе