„Преспански јаболкобер 2020“

Почнува бербата на јаболката во Преспанско

Во Ресен викендов се одржува традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер 2020“. Официјално манифестацијата ќе ја отвори министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Со манифестацијата, како што појаснува организаторот, општината Ресен, се означува почетокот на бербата на јаболката во Преспа со свечено откинување на првото јаболко на овошниот насад на Свислион Агроплод. 

Од планираните 160.000 тони, во Преспа годинава родија околу 120.000 тони јаболка зашто сѐ уште се чувствуваат последиците од ланскиот ураган.  

Побарувачката за јаболка на европскиот пазар годинава е голема зашто во дел од државите невремето го уништи родот. Посебно се очекува голема побарувачка на рускиот пазар.

 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе