Почна жетвата, откупната цена на пченицата под очекувањaта на земјоделците

Жетвата на пченицата веќе е почната. Првите цени што се нудат од мелничарите е 9 денари за еден килограм. Оваа информација предизвика големо незадоволство кај земјоделците, па новиот министер за земјоделство се обиде дѐ ја смири ситуацијата и вети откупна цена и повеќе од 10 денари.

„Цената зависи од квалитетот на пченицата. Кога зборуваме за цена од нива, на таа цена се додаваат транспортните трошоци и данокот. Се покажува дека цената е подобра од минатата година. Сепак, зависи од квалитетот и договорните услови и видот на производство. Оние со поголеми количини се во подобра позиција да преговараат за повисока цена, додека малите земјоделци, бидејќи имаат проблем со складирањето, принудени се да ја продаваат веднаш, и по пониска цена“, изјави вчера министерот Трајан Димковски.

Заради пониските приноси кај нас, но и во регионот, земјоделците очекуваат фер откупни цени од најмалку 12 до 13 денари за килограм за пченицата.

Земјоделците очекуваат и државата да се вклучи со откуп за стоковите резерви во време на жетва и по цени кои ќе помогнат да се зголемат откупните цени и кај мелничарите.

На потег е Министерството за земјоделство, велат земјоделците.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе