Почна продажбата на новиот Хуавеј воч фит

Најновиот модел на фитнес паметен часовник на Хуавеј - HUAWEI WATCH FIT сега е достапен за македонските потрошувачи само неколку дена по неговата официјална светска премиера на 10 септември во рамките на форумот <HDC.Together>. Благодарение на Македонски телеком, Сетек, Нептун, Техномаркет и Анхоч, оваа недела ќе се најде во продажба по препорачана цена од 6.499 денари.

Хуавеј воч фит (HUAWEI WATCH FIT) е првиот спортски часовник на компанијата со 1,64-инчен правоаголен AMOLED HD дисплеј, на кој корисниците можат да гледаат 12 различни програми за тренинг изведени од анимиран аватар. Стилски на изглед и со инспиративни функции како да останете во форма и да се грижите за вашето здравје, ова е додаток што нема да сакате да го тргнете од вашиот зглоб. А и не треба да го правите тоа околу 10 дена, бидејќи толку трае и неговата батерија во нормална употреба без полнење. Часовникот тежи само 34 грама и доаѓа во три атрактивни бои - Mint Green, Sakura Pink и Graphite Black, со што ремените се заменливи и лесно можете да го диверзифицирате неговиот изглед. Можете исто така да направите промена на 130-те дисплеи достапни во Huawei Watch Face Store. Уште поинтересна е функцијата да користите фотографија од сопствен албум со слики на паметниот телефон како позадина за дисплејот и да изберете кои информации да ги прикажувате кога е вклучен. Екранот во standby режим (Always-on) нуди 6 опции што ви овозможуваат да го дознаете времето со еден поглед.
Часовникот на Хуавеј поддржува 96 режими на обука. 11 професионални режими ги покриваат најпопуларните видови обука, како што се трчање, возење велосипед, пливање и други. Дополнителни 85 опфаќаат активности вклучително фитнес, танцување, игри со топка, спортови на вода, зимски спортови и екстремни спортови. Корисниците можат лесно да го изберат соодветниот режим за случајот и да ги забележат постигнатите резултати, благодарение на интелигентните сензори кои го следат срцевиот ритам, неговите интервали на промена, потрошените калории, времето за обука и другите податоци во зависност од видот на активноста.
Другата технологија, HUAWEI TruSleep™ 2.0, прави корисна детална анализа на моделот и квалитетот на спиењето, вклучувајќи следење на срцевиот ритам во реално време, квалитет на дишење и анализа на акумулираната статистика. Часовникот препознава кога корисникот заспива и се буди, различните фази на спиење како површен сон, длабок сон, REM сон (во кој сонуваме) и состојба на будење. Благодарение на интегрираната вештачка интелигенција, часовникот идентификува 6 типични проблеми, како што се потешкотии при заспивање, претежно плиток сон, немирен сон, будење рано, премногу соништа и силно менување на рамнотежата на работата и одморот. Врз основа на овие податоци и анализи, Хуавеј воч фит нуди стотици персонализирани совети за подобрување на квалитетот на спиењето. Во комбинација со долг век на траење на батеријата, мала тежина и ергономска форма, претставува целосно интелигентно решение за одмор и подобро здравје.
Покрај спиењето, часовникот ги следи и параметрите како што се заситеноста на кислород во крвта, нивото на стрес и месечниот циклус на дамите, ги охрабрува корисниците да пробаат вежби за дишење, да се подготват за посебни прилики, целосно да го намалат непотребниот стрес во нивните животи и да ја насочат својата енергија на важни предизвици и достигнувања.
 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе