Почна пријавувањето за учество во работата на Ино фаб лаб

Здружението Ино тех клуб го отвори повикот за млади на возраст од 15-29 години за учество во работата на првиот Фаб лаб во нашата земја. Ино фаб лаб, лабораторијата за производство и прототипирање, лоцирана на Технолошко-металуршки факултет во Скопје, е опремена со најнова генерација на 3Д печатари, ЦНЦ машина за дрво, метал и пластика, линија за рециклирање на пластика и преса за композитни материјали. Овде младите ќе разработуваат иновативни идеи и ќе ги реализираат до фаза на прототип.

Сите млади од земјата на возраст од 15 до 29 години може да аплицираат без ограничување во однос на местото на живеење и образовната институција каде што се образуваат.

Работата ќе се одвива во тимови од 4 до 8 лица, од кои најмалку 40% треба да бидат женски лица. Тимовите ќе бидат менторирани од професори, иноватори и инженерии/експерти од различни индустрии. Работата на еден проект ќе трае од 2 до 4 месеци, а добиениот прототип ќе биде презентиран на настан пред стручната и инвеститорска заедница.

Пријавувањето е отворено од 23 мај до 30 јуни.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе