„Шопинг тура“ со Кешбек

Почна онлајн видео предизвикот со кој може да добиете Самсунг галакси таблет

Да признаеме, играњето онлајн видео предизвици на сите ни е забавно и многу често се „фаќаме“ себеси како сме поминале часови играјќи ја нашата омилена игра. Но, започнувајќи од денес играњето онлајн видео предизвици, не само што станува поинтересно, туку и исплатливо, благодарение на Кешбек ворлд (Cashback World).

#ШопингТура се нарекува новиот интересен предизвик на Cashback World во кој можете да освоите вреден SAMSUNG GALAXY TAB A T590. Предизвикот почнува денеска (2 декември) со почеток од 14 часот и ќе трае до 26 декември до 23:59 часот.

Сè што треба да направите за да учествувате во овој онлајн предизвик и да станете потенцијален добитник на Samsung Galaxy таблет е да се регистрирате на www.cashbackworld.com/mk/xmasshoppingtour и во периодот од времетраењето на играта да направите минимум едно онлајн пазарување преку веб страната на Cashback World, прифаќајќи ги општите правила и услови.

Секој учесник со најава на својата „онлајн канцеларија“ на www.cashbackworld.com/mk ќе има пристап до посебен линк кој ќе води до онлајн видео предизвикот. Целта на онлајн видео предизвикот е да се соберат сите подароци кои паѓаат, а учесникот има три „животи“ прикажани во горниот лев агол во форма на мали бели кутии. Со секој испуштен подарок, учесникот губи по еден „живот“. Предизвикот се смета за успешно завршен доколку се соберат сите подароци, за што учесникот добива известување. Во спротивно, доколку учесникот не успее да ги собере сите подароци и ги изгуби сите „животи“, онлајн видео предизвикот се смета за изгубен.

Секој учесник може да го игра онлајн видео предизвикот неограничен број пати, но со тоа што во текот на еден ден видео предизвикот ќе биде достапен само еднаш. За да можете да играте потребен е пристап до интернет и истото може да се игра преку мобилен телефон, таблет или компјутер.

Во кругот на потенцијални добитници ќе влезат оние учесници кои барем еднаш успешно го одиграле онлајн видео предизвикот и направиле најмалку едно онлајн купување преку Cashback World во периодот на времетраење на #ШопингТура предизвикот. Доставувањето неточни лични податоци (на пример: фалсификувани фактури или фактури од трети лица) ќе резултира со дисквалификација.

Победникот во #ШопингТура играта ќе биде утврден од страна на комисија формирана од МАЈВОРЛД МАКЕДОНИЈА, која ќе изврши преглед на бројот на направени купувања и увид во остварените резултати од онлајн видео предизвикот по учесник. Организаторот го задржува правото на проверка на валидноста на учеството во предизвикот, како и правото за дисквалификација на учесниците коишто постапувале спротивно на наведените правила.

Правила за сите учесниците ќе бидат објавени на веб страната на Cashback World, a победникот ќе биде известен по електронска пошта (е-меил).

 Дополнително, во следниот период Cashback најавува и бројни други изненадувања. Наскоро од нив можете да очекувате и уште еден интересен предизвик наречен “IN APP Raffle”, па бидете сигурни дека ќе ги следите! Среќно!

Комерцијален текст

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе