Почна изградбата на автопатот Кичево-Охрид, најголем инфраструктурен проект

Кичево и Охрид конечно ќе се поврзат со автопат, долг 57 километри, кој ќе чини 375 милиони евра. Овој автопат треба да го олесни и забрза транспортот на патници и стока и да придонесе за економски и туристички развој.

Најзначајната придобивка од новиот автопат, според премиерот Никола Груевски, ќе биде можноста за поедноставна, побрза и побезбедна комуникација помеѓу населените места од кичевскиот и охридско-струшкиот регион.

Денеска во кичевското село Извор почна изградбата на овој автопат.

„Ова е најголемата инфраструктурна инвестиција во последните 50 години во Македонија. Тоа најдобро зборува за вредноста на овој проект. Толкава инвестиција не е вложена од никого, никогаш и во ниту еден автопат во Република Македонија“, изјави Груевски.

Средставата за овој проект се обезбедени преку поволен кредит од кинеската Ексим банка.

Според проектот, новиот автопат почнува од Кичево, па преку Подвис, Пресека и Песочани стигнува до Требеништа, а од тука преку Подмоље се поврзува со Охрид.

Автопатот ќе биде широк 25,2 метри, а на трасата ќе има и 6 натпатници и 13 потпатници, како и тунелот „Пресека” со две цевки. Изведувач на работите е кинеската компанија „Сајнохидро корпорејшн лимитед“. Градежните работи ќе почнат истовремено на три локации, а планирано е да завршат за четири години. Согласно договорот, 51 процент од луѓето што ќе работат на автопатот ќе бидат од Македонија.

„Секако не помалку значајна е и комуникацијата на западниот регион на државата со главниот град Скопје и останатиот дел од Република Македонија. Меѓу бројните придобивки од изградбата на овој автопат ќе биде и економското раздвижување за време на изградбата на автопатот и по неговата изградба. Очекувам уште од самиот почеток на градежните активности да се отвораат многу нови работни места во градежните компании кои се изведувачи и подизведувачи на проектот, но и во многу други компании чија дејност е тесно поврзана со градежништвото,“ рече Груевски и додаде дека автопатот ќе биде од огромна корист и за ТИРЗ во Кичево, Тетово и Струга, за туризмот, како и за подобрување на безбедноста на сообраќајот.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески нагласи дека по новата автопатска делница ќе се вози со брзина од 120 километри на час, наместо 60 како сега.

„Оваа автопатска делница е повеќе од значајна со оглед на фактот дека и долго време беше потреба на голем број граѓани и туристи, а води кон нашето најпосетувано туристичко место – Охрид,“ наведе Јанакиески.

Во наредните четири години со изградбата на автопатските делници од Миладиновци до Штип и од Кичево до Охрид, како и автопатската делница Демир Капија-Смоквица на која градежните работи се реализираат во полн ек, Република Македонија ќе биде побогата со нови 132 километри автопатска мрежа.

Годинава се очекува да биде распишан повик за концесионер на автопатските делници Гостивар-Кичево и Скопје-Блаце.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе