Увид во работите

Почна асфалтирањето на експресниот пат Штип-Радовиш

Почна поставувањето  асфалт на експресниот пат Штип-Радовиш од винаријата „Имако“ во правец кон селото Долани. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов при денешниот увид во градежните работи истакнаа дека ова е пример како треба да се гради. Задоволни се од динамиката на изградба на компанијата „Штрабаг“ и сметаат дека изградбата на оваа делница ќе биде и пред утврдениот рок.

„Со изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш ќе го подигнеме животниот стандард на над 170 илјади жители на овој регион, а ќе овозможиме и придобивки за околу 12.000 фирми коишто дејствуваат во овие региони“, рече Сугарески.

Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш е во вкупна вредност од 51 милион евра. Во моментов се работи на првата фаза во должина од 23 километри и според динамиката на градежните работи се очекува изградбата да биде завршена пред предвидениот рок, во 2021 година.

Сугарески истакна дека со експресниот пат се создава брза патна врска меѓу југоистокот и централниот дел на државата со што се отвора можност за влез на нови инвеститори, но и подобра комуникација меѓу граѓаните. Тој додаде дека покрај изградбата на експресниот пат, го рехабилитирале и постојниот пат од Штип до Радовиш, како и патниот правец Радовиш-Подареш и патот кон Злетово, а во тек е рехабилитацијата на патот Радовиш-Струмица и реконструкцијата на патната делница Струмица-Ново Село.

Според Китанов, пак, овој експресен пат е пример за тоа како треба да се гради.

„Со изградбата на овој експресен пат држиме лекција за тоа како треба да се гради. По само година и половина се асфалтира првиот дел од пет километри, а останатиот дел се подготвува. Проектот го воведовме во работа со 99 проценти завршена експропријација и со завршени археолошки испитувања по најбрз можен пат, а согласно законите. За овој дел, финасискиот обем е веќе 52 проценти реализиран, а физичкиот дел 54 проценти. Во фаза на евалуација е и втората фаза од експресниот пат, на потегот од Три Чешми до мостот на Брегалница и од Бучим до излезот на Радовиш“, информираше Китанов.

Градоначалниците на општините Штип и на Конче истакнаа дека изградбата на овој експресен пат и реконструкцијата на целокупната патна мрежа значително ќе влијаат врз локалниот и регионалниот економски развој.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе