Агенција за финансиска поддршка во земјоделството

Почна аплицирањето за субвенции за млеко

Почна аплицирањето за субвенции за произведено и предадено млеко за периодот од мај до септември годинава. Висината на субвенцијата за овчо и козјо млеко изнесува 4,5 денари по литар, а за кравјо млеко 3,5 денари по литар.

Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска информираа дека млекопроизводителите може да ги поднесуваат барањата електронски најдоцна до 5 ноември.

До 5 ноември е и рокот за поднесување барања за субвенции за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети во период мај – септември 2019 година. Висината на поддршката за оваа мерка е 125 денари за заклани и предадени несилки.

„Сите кои имаат произведено и предадено млеко од мај до септември оваа година или во истиот период имаат одгледани и заклани несилки, од денеска до 5- ти ноември ќе може своите барања да ги достават со најавување на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk на полето „Директни плаќања-е барање“. Откако ќе пристапат во системот, ќе може да го креираат електронското барање. Оние фармери кои не можат сами да креираат е-барање или имаат потреба од помош за креирање на барањата може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или во Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството“, појаснуваат од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе