Жална вест

Почина Душан Туџаров, генерален директор на Реплек

Генералниот директор и претстедател на Управен одбор на Реплек, Душан Туџаров почина вчера во Скопје.

Душан Туџаров

Погребот ќе биде извршен в четврток, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта Бутел од 11 до 12 часот.

Туџаров основното и средното образование го завршил во Струмица, а студирал на Фармацетскиот факултет при Универзитет во Белград и се здобил со звање магистер по фармација.

Извршувал повеќе функции меѓу кои комерцијален директор во Алкалоид Скопје, советник на генерален директор на „Крка“, а од 1978 до 2019 година беше генерален директор и претседател на Управниот одбор на Реплек.

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе