Почетник во ИТ - сектор зема 700 евра плата, вели министерката Тренчевска

Платите во приватниот сектор се многу поголеми од јавниот сектор. Имате ИТ компании каде што најниската плата е околу 600-700 евра за почетник, а понатаму согласно работното искуство на младите, платите се многу поголеми, истакна министерката за труд и социјална политика Тренчевска на новинарско прашање околу заминувањето на младите од земјава поради корупцијата, политичките игри и висината на платите како најчести причини. Таа најави скорешно покачување на минималната плата.

„И токму во таа насока е и оперативниот план за вработување со мерки и програми за вработување што нудат добро платени работни места за младите“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на денешната изјава за медиумите за време на Конференцијата со наслов „Youth Guarantee: Making it Happen".

Таа рече дека се држат обуки за напредни и основни ИТ вештини во коишто на годишно ниво над 400 млади се вклучуваат и стекнуваат сертификат со којшто лесно се вработуваат повторно на работни места каде што има добри плати.

„За да привлечеме повеќе млади во јавната администрација, се гради систем на плати со нова методологија што ќе ја следи просечната плата и којашто ќе ги следи трошоците за живот и растот на инфлацијата во државата. Тоа се мерки што навистина даваат добри резултати“, истакна министерката.

На прашањето дали ќе има зголемување на минималната плата, Тренчевска одговори дека се планира во март следната година да има ново зголемување на минималната плата, односно усогласување на минималната плата со параметрите на системот воведен од март оваа година за усогласување на минималната плата, 50 проценти со трошокот на живот, односно со инфлацијата и 50 проценти со порастот на просечната плата.

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе