среда, 24 април 2024

ДИК: До 13 часот гласале 417.170 граѓани, 6% повеќе од изборите во 2019 година

Од обработени 83,54% од гласачките места, до 13 часот излезноста на гласачите на претседателските избори е 26,35%, или гласале 417.170 граѓани. Оваа бројка е сигурно поголема, со оглед дека не се одработени 100%, изјави претседателот на ДИК, Александар Даштевски. Оваа бројка е за 6% поголема за разлика од минатите избори во 2019.

Објавено на

часот

Сподели

Обработени се податоците од 3.416 избирачки места од вкупно 3.508 во општините на територијата на целата држава. Одѕивот на гласачите до 13 часот е 26,35 отсто. Најголем излезност има во општина Новаци – 42,87 одсто, а најмал во Врапчиште – 10,18 одсто.

До 13 часот во ДИК се пристигнати 140 приговори за правото на гласање. Од нив, 16 се прифатени, што значи дека тие лица ќе може да гласаат, 9 се одбиени, 8 се оттфрлени како неуредни, а другите се во обработка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ