Брзо решение откако случајот беше објавен во медиумите

По стоте денари плата, следува втората рата - цела плата за вработените во „Солидарност“

Откако вработените добија само по 100 денари како плата за мај, што како вест оддекна во целата земја, директорот на виничкото комунално претпријатие „Солидарност“ изјави дека финансиските проблеми се надминати и дека утре ќе биде исплатен целиот износ на плата.

Директорот на  „Солидарност“ Александар Трајков денеска изјави дека се надминати финансиските проблеми и дека парите се обезбедени од тековните извори,преку наплатата на побарувањата за извршените услуги кон граѓаните и кон правните субјекти.

„Платите во нашето претпријатие вообичаено се исплаќаат на крајот на тековниот месец за претходниот, а овојпат го надминавме рокот за десетина дена затоа што во мај и јуни имавме плаќања за судски извршувања за околу 1,3 милиони денари, што нѝ ја наруши финансиската состојба. Причина за таквата ситуација се натрупаните долгови за регрес за годишен одмор и за награди на вработените од 2014 до 2017 година, така што само во последните три години по овој основ се исплатени осум милиони денари. Ги преземаме сите мерки и наплатата од 60 проценти ја зголемивме на 75 отсто, вели Трајков.

Една од причините за проблемите со финансиската состојба на претпријатието е што во изминатите десетина години не било преземано ништо за наплата на долговите на правните субјекти. Според книговодствената евиденција, „Солидарност" има ненаплатени побарувања од околу 50 милиони денари, во кои влегуваат и неплатените сметки на граѓаните, при што голем дел од нив се застарени.

Поради неповолната финансиска состојба, вработените во виничкото комунално претпријатие пред два дена на своите сметки добија само по 100 денари од мајската плата, а причината за тоа била да се задржи редовноста во плаќањето на придонесите за здравствено и пензиско осигурување.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе