„Среќни сме што од година во година изнаоѓаме нови начини да го оправдаме филантропскиот принцип – еден од постулатите на нашата компанија. Покрај тоа што во текот на целиот месец преку различни активности ја подигаме свеста за постоењето и превенцијата на машките болести, со оваа донација даваме и придонес на една од институциите кои работат конкретно на оваа проблематика, а ова нè прави особено горди“, изјавуваат од компанијата.
Ноември, или популарниот Мовембер (Movember) е месец во знакот на грижата на машкото здравје и ја нагласува важноста на свесниот начин на живот и редовни здравствени контроли. Ракот на простата е втор најчест карцином кај машката популација, додека ракот на тестисите е најчестиот облик на рак кај мажите на возраст меѓу 15 и 34 години, а редовните прегледи се најзначајниот фактор за превенција. Грижата за машкото здравје не треба да се гледа како слабост или да биде фокусирана само во еден месец. Само со заедничка посветеност и заеднички сили може да се развие свеста за значењето на редовните прегледи, а со оваа донација на dm и да се подобри квалитетот на здравствените прегледи.
ДМ дрогерие маркт, благодарение на постојаното вложување во здравствениот сектор е етаблиран како пријател на македонските здравствени институции. Во изминатата деловна година, компанијата донираше повеќе од 5,3 милиони денари во општествено одговорни цели. Меѓу другото, во текот на оваа година компанијата донираше повеќе од 1,6 милиони денари за подобрување на условите за родилките во пет јавни клиники во земјава.
Комерцијален текст