Комисијата утврди дека за избор на вршител на енергетска дејност регулирано производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија се пријавија фирмите Друштво за производство на топлинска енергија ЕСМ производство на топлина ДООЕЛ Скопје, Друштво за дистрибуција на топлинска енергија ЕСМ дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје и Друштво за снабдување со топлинска енергија ЕСМ снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје.
По евалуацијата на пристигнатите понуди, комисијата ќе достави предлог до Владата, што ќе биде разгледан на една од наредните седници.