По четири месеци без плата, поднесен предлог за стечај на ДГ Бетон АД Скопје

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање соопшти дека, во име на вработените од ДГ Бетон АД Скопје, вчера до Основниот граѓански суд Скопје поднел Предлог за отворање стечајна постапка односно за престанок на работодавачот откако во период од девет месеци ги искористиле сите правни механизми за да ги добијат заостанатите плати и компанијата да продолжи да работи. ДГ Бетон  четврти месец нема исплатено плата, а сметката му е блокирана повеќе од 45 дена.

Претседателот на Синдикатот за градежништво, Иван Пешевски, на прес-конференција рече дека вработените што ги застапува ќе го искористат и последниот законски дозволен механизам и не се повлекуваат, како што рече, од намерата компанијата да оди во стечај и, покрај заостанатите плати, од стечајната маса ќе побараат и исплата на заостанатите регреси за годишен одмор за 2021 и 2022 година.

„Синдикатот за градежништво и работниците повеќепати пријавуваа во Државниот инспекторат за труд за незаконско работење на работодавачот, но покрај законските задолженија да исплаќа плата тоа не го стори и вработените веќе четврти месец немаат земено плата. Сметаме дека овие законски загарантирани права на вработените ќе успееме да ги наплатиме барем преку  судот“, рече Пешевски на прес-конференцијата во седиштето на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Тој укажа и дека вработените овие денови се притиснати да потпишуваат договори на определено време односно анекси на постојните и сами да се спогодат старите договори на неопределено време да не им важат. Апелираше да не потпаѓаат на, како што рече, какви било притисоци и закани за отказ туку да чекаат она што е предложено до судот со отворањето стечајна постапка.

Имајќи ја предвид структурата на вработените, рече Пешевски, поголем дел од нив ќе бидат обесштетени од Агенцијата за вработување со надомест во случај на невработеност, односно до пензија.

„Како прв човек на синдикатот ги охрабрувам сите вработени да се јават во судот како доверители штом биде објавено на огласна табла во судот, за што повторно ќе информираме преку медиумите“, истакна Пешевски.

Тој рече и дека новото раководство на компанијата „Бетон"-Скопје е единствено виновно што овој гигант наместо во декември да одбележи 75 години постоење, ќе премине во рацете на доверителите и на стечаен управник.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе