По автопатот Демир Капија-Смоквица ќе се вози од следната недела, за почеток без патарини

На почетокот на следната недела се очекува да биде пуштена во употреба новата автопатска делница Демир Капија - Смоквица и по тој дел од автопатот „Пријателство“ првично ќе се вози без плаќање патарина.

Засега нема нова официјална најава за пуштањето на патот освен претходната дека тоа ќе се случи по 15-ти месецов, а директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов денеска најави дека деновиве ќе ги покани медиумите на таков настан.

За двете планирани наплатни станици на автопатот кај Гевгелија и кај Демир Капија, градежната дозвола е издадена пред три недели, а за завршување, како што изјави Китанов, се потребни околу осум месеци. 

„Во моментов се градат новите патарини кои нема да бидат како постоечките, на нив ќе нема никави застои, ќе бидат електронски,  со припеид, со тагови. Ќе има патарини и на тој дел од автопатот, а цената се утврдува согласно Правилник“, изјави Китанов, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој не кажа кога очекува да профункцираат патарините.

„Не може да се каже дека ќе биде бесплатно, патарините ќе си функционираат, за новиот дел на автопатот дозволата за градба е дадена пред неполн месец, па пресметајте“, додаде Китанов.

Новите 28,2 километри автопат од Демир Капија до Смоквица ја чинат државата 270 милиони евра. Патот се пушта во употреба по шест години изградба и со него се заокружува со целосно автопатско решение Коридорот 10 на територијата на Македонија.

Новата автопатска делница е од излезот на Демир Капија преку селото Миравци, до Смоквица, каде што се поврзува со веќе постојниот автопат. Поминува надвор од демиркаписката клисура од десната страна на реката Вардар, низ благи кривини и угорнини.

Новиот автопат има две клучки кај Миравци и Смоквица, два тунела долги по 1.200 метри,  шест моста со должина од 100 до 500 метри, шест подвозници и два натвозници. Ширината на сообраќајницата е 25,6 метри, со две ленти за возење, една за застанување и средишен зелен појас широк три метри.

Владата во октомври минатата година со анекс на договорот за изградба, го продлжи рокот за завршување на автопатот до февруари годинава, откако беше утврдено дека не е изграден контролен центар и не е дислоциран далекувод на автопатот. Тие активности веќе се завршени, а за пуштањето на автопатот беа направени и други законски измени.

МИА

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе