По Африканската чума почна депопулизацијата на свињи во Карбинско-штипскиот регион

Започна депопулизацијата и еутанизацијата на свињи во Карбинско-штипскиот регион поради болеста африканска чума. Од појавата на првиот случај во земјава, досега се депопулизирани и еутанизирани 3.102 животни, а се очекува, со оглед на бројноста на одгледувалишта во овој регион, бројката да се дуплира.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски денеска во Штип нагласи дека Агенцијата постапува во рамки на законоските одредби и Правилникот за мерки за искоренување на африканската чума кај свињите.

Тој посочи дека во изминатиот период се донесени повеќе решенија во зависност од тоа како се јавуваат одредени жаришта на африканска чума.

„Во радиус од три километри од жариштето се врши депопулација со еутаназија на сите одгледувалишта коишто не применуваат или имаат ниски биосигурносни мерки.  Оние коишто имаат високи биосигурносни мерки, нивните свињи одат во кланица со која Агенцијата има потпишано договор и месото понатаму се носи на преработка со одреден технолошки процес.  Во радиус од 10 километри се врши депопулација меѓутоа без еутаназија, туку со економско искористување на животните“, појасни Бабовски.

Тој потенцираше дека вирусот е  отпорен, но дека болеста не влијае на здравјето на граѓаните.

„Тоа месо што ќе биде преработено е здраво, безбедно месо, бидејќи ние луѓето не заболуваме од оваа болест“, појасни Бабовски. 

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе