Плата нема, работниците од „Колска“ два часа ја блокираа пругата

Утрово 87 работници на фабриката за шински возила „Велес" со блокада на железничката пруга го изразија револтот кон Владата, Министерството за транспорт и врски и Управата за јавни приходи, поради доцнење на платите. Патничките возови за Гевгелија и за Скопје мораа да стојат во место.

Фото: Дума.мк

Платите доцнат од септември, а поради тоа работниците немаат ниту здравствено осигурување, објави порталот Дума.мк.

„Доколку денеска или утре нема одлука за нашите барања ние ќе одиме на протест пред Влада. До сега ни некој не побара ниту стигна покана за разговор.Тоа ни зборува дека никој повеќе нема интерес за нас. А ние немаме земено три плати. Стар долг кон УЈП е причина за блокираната жиро сметката. Бараме плата за септември со придонеси и разумен рок од УЈП за плаќање на стари обврски,“ изјави Тони Арсовски претседател на синдикалната организација на ССМ.

„Не може три месеци да бидеме без денар. Срамота е, како да се живее без пари?. Веќе ни е преку глава. Десетина години сме во ваква состојба. Еднаш за секогаш нека се реши состојбата, или нека нѐ спојат со Македонски железници или клуч на капија“, велат работниците.

Легенда под Главна слика

Фото: Дума.мк

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе