Петров: И во време на криза има раст на просечната плата, концептот на СДСМ дава резултати

Вистинските, исправни политики на СДСМ носат видливи резултати. Затоа победи концептот на СДСМ, концептот на Зоран Заев, кој обезбедува повисоки плати за сите, кој ги враќа парите кај граѓаните, кој обезбедува економски напредок и развој, рече на денешната прес-конференција потпретседателот на партијата, Коста Петров.

„Иако соочени со најголемата светска здравствена и економска криза од која не е поштедена ниту нашата земја, бележиме раст на просечната плата. Просечната нето-плата во мај 2020 година, или во време на ковид-19 кризата, е за 1.120 денари повисока во однос на истиот месец лани. Или поконкретно, просечната нето плата во мај 2019 година изнесувала 25.270 денари, а оваа година таа се зголемила на 26.390 денари.

Ако споредиме со месец април, таа е повисока за 560 денари, односно во месец април просечна нето-плата во државава изнесуваше 25.830 денари“, изјави Петров.

Тој додаде и дека се потврдуваат грижата и навремените мерки за спас на работните места, спас на компаниите и стопанството воопшто, па во мај, со мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, со 1,7 милијарди денари поддржани се 19.956 работодавачи во кои работат 118.069 вработени. Со истата мерка, со 86,8 милиони денари поддржани се 5.985 самостојни вршители на дејност. Додека пак, со мерката субвенционирање на придонеси во време на вонредна состојба во мај се поддржани 2.463 фирми.

„Со цел поголема поддршка кон граѓаните и компаниите за време на корона кризата, Владата предводена од СДСМ одлучи мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за исплата на плата да продолжи и во јуни. За месец јуни, до овој момент се одобрени 19.202 барања, а направена е исплата за финансиска поддршка за 17.905 компании со 101.148 вработени. Одобрената финансиска помош до овој момент, за месец јуни, изнесува 1.404.470.647 денари, односно за трите месеци се исплатени над 76 милиони евра на фирми и самостојни вршители на дејност“, информираше Петров.

 

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе