Поради пораст на трошоците

Пензиите со мало покачување, исплатата од 26 јануари

Владата донесе одлука најниските пензии да се зголемат за 134 денари, а просечната пензија да биде повисока за 185 денари. Со парите пензионерите ќе можат да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26 јануари.

„Владата ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според движењето на индексот на трошоците на животот ќе бидат повисоки и тоа најниските пензии за 134 денари, а просечната пензија ќе биде повисока за 185 денари и со нив ќе можат да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.01.2021 година“, се вели во владиното соопштение.

Владата наведува дека пензиите за граѓаните кои не користат картички ќе бидат исплатени во четири групи според следниот распоред согласно висината на пензијата:

- За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26 јануари (вторник);

- За пензии со висина 11.001 - 14.000 денари, исплата да се изврши на 27 јануари (среда);

- За пензии со висина 14.001 - 18.000 денари, исплата да се изврши на 28 јануари (четврток), и

- За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29 јануари (петок).

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе