Љубљана

Пчеларите од Балканот бараат медоносната пчела да се прогласи за загрозена

Пчеларските здруженија од Балканот бараат медоносната пчела да се прогласи за загрозена. Најавуваат дека ќе лобираат во Брисел со ова барање да се запознаат и владите на повеќе држави од Европа.

Барањето на пчеларите е содржано во Декларација која неодамна во Љубљана ја потпишаа претседателите на национални пчеларски здруженија, а меѓу нив потписник е и Менде Трајковски, претседател на Сојуз на пчеларските здруженија на Македонија.

„Последниве пет - шест години се исклучително тешки и негативно влијаат врз состојбите во пчеларството. Предизвикувачи на тие состојби се климатските промени, глобалното затоплување и недоволното инвестирање во пчеларството. Затоа неодамна во Словенија потпишавме Декларација со која пчеларските сојузи од државите на Балканот бараат медоносната пчела да се прогласи за загрозена. Со оваа одлука ќе се посвети поголемо внимание на медоносната пчела. За тоа ќе бидат информирани и надлежни институции во Брисел, а преку нив и владите на државите членки на ЕУ“, изјави Трајковски.

На традиционалната манифестација „Денови на македонското пчеларство“ што почна денеска во Битола и ќе трае до 14 октомври, има 30 учесници од Македонија, како и соработници на националниот Сојуз на пчеларските здруженија од Србија, Црна Гора, Албанија и од Грција.

„Во Македонија ќе иницираме акции за да се продолжи со пошумвање и посебно да се интезивира пошумување со багрем, бидејќи тој директно влијае за зголемени приноси во пчеларството. Тоа е важно за околу 250.000 пчелни семејства за кои грижа водат околу 7.000 македонски  пчелари“, рече Трајковски.

Според податоци на битолското пчеларско здружение „Нектар“, во Пелагонија има околу 15.000 пчелни семејства за кои се грижат над 400 пчелари.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе