За непочитување на протоколите

Пазарниот инспекторат поднесе кривични пријави против 26 угостители

Директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски, информираше дека од четвртокот до сега издале 856 опомени за угостителите кои не ги почитувале протоколите, а откако по вторпат биле прекршени, инспекторите поднеле 26 кривични пријави.

Пауновски повика сите да се придржуваат до протоколите, за кои кажа дека е можно да се изменат со цел поголема контрола.

„Во четвртокот издадовме 856 опомени на угостителските субјекти, а во врска со спроведувањето на протоколите за работа. Од денот кога почнавме да ги казнуваме тие кои ќе ги прекршат протоколите, Пазарниот инспекторат има поднесено 21 кривична пријава и пет се во фаза на постапка, односно денеска или утре ќе бидат доставени. Во текот на викендот и вчера поднесени се 26 кривични пријави. Во истиот тој период констатирано е дека меѓу угостителите кои почнале со работа во летните тераси, имаше и такви кои се нерегистрирани. Во текот на овие контроли, регистрирани се прекршувања по тој основ на 41 субјект за кои се изречени прекршочни пријави и издадени се платни налози“, рече Пауновски.

Според него, голем дел на угостителите ги почитуваат протоколите.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе