Патот Тетово-Попова Шапка се реконструира, а Тетово-Гостивар ќе стане автопат со по 3 коловозни ленти

Министрите за транспорт и врски и за економија, Горан Сугарески и Крешник Бектеши, директорот на Јавното претријатие за државни патишта Зоран Китанов и тетовската градоначалничка Теута Арифи извршија увид во реконструкцијата на патот од Тетово до Попова Шапка каде се поставува нов асфалт во должина од 18 километри и 200 метри.

Врз делница Тетово-Попова Шапка се прави „жолт фидинг“ што подразбира санирање на дупки па поставување асфалт над целиот коловоз.

„Овој е еден од основните патишта кои минатата година веднаш го ставивме за проектирање и рехабилитација бидејќи сакаме да развиваме туризам, сакаме да ги развиваме нашите туристички места. Тетово-Попова Шапка е еден од дванаесетте патишта ставен преку проект на Светска банка преку ‘жолт фидинг‘ да се гради и рехабилитира. Иако начелно компанијата треба да го направи до нова година, јас гарантирам дека до септември ќе биде готово“, изјави Китанов.

Градоначалничката Арифи потенцира дека е значајно што се соработува со Владата за вакви поголеми зафати.

„Ова е значаен пат како за општината, така и за цела околина, имајќи го предвид туристичкиот аспект и големиот број места кои се поврзуваат. Тоа е инфраструктурна придобивка согласно концептот на децентрализација и партнертство на општини и Владата. Со средства на ИПА и на Светската банка од 1,5 милион евра ние и во викенд населбата ќе инвестираме во патната инфраструктра. Имаме информации дека првата фаза е прифатена. Ќе се постават пропратно фекална и атмосферска канализација“, рече Арифи.

Министерите Сугарески и Бектеши на новинарски прашања дали се размислува за градба на нова жичарница, истакнаа дека во моментов се размислува што треба приоритно да се направи.

Китанов, исто така најави дека патот Тетово-Гостивар ќе стане автопат со по три коловозни ленти во еден правец, а причината за проширувањето на патот, како што рече, е големата фреквенција на возила.

ЍДелницата А2 Тетово-Гостивар веќе е претесна. Дадена е проектна задача на Градежен факултет од каде имаат две алтернативни решенија. Двете се многу убави и на ниво на стандарден автопат, но ќе ја кажам само едната. Според тоа решение, лентите ќе бидат широки 3,75 метри со 3,5 метри и 2,5 метри. Градежен факултет има една опција со која може да објавиме тендер за главен проект да се обезбедат средства, па да се размисли втората варијанта која е многу интересна“, рече Китанов.

Тој најави целосна реконструкција на патарините долж коридор 8 и воведување електронско плаќање.

 

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе