Патничко осигурување од Кроација со покритие за ковид-19 до 10.000 евра

Кроација осигурување го прошири патничкото осигурување со целосно покритие за ковид-19. Проширената патничка полиса, нуди покритие за трошоци за медицински прегледи од страна на овластен лекар, за тестирање во случај на појава на симптоми на ковид-19, за потребни лекови дадени при вонболничко лекување, за болничко лекување во случај на потврдена инфекција и трошоци за репатријација во случај на потврдена инфекција.

„Граѓаните имаат потреба да патуваат и да се чувствуваат безбедно и сигурно каде и да одат дури и во услови на пандемија, а ние како компанија во тоа ја вложивме целата нашата експертиза и искуство на осигурителниот пазар. Овозможивме безгрижност при патувањата од каква било природа, проследено со целосна наша асистенција и со сите потребни чекори и неопходни информации поврзани со здравствени протоколи во земјата каде осигуреникот престојува. Ова осигурително покритие обезбедува поголема заштита и сигурност за безгрижни патувања”, велат од Кроација осигурување.

Патничкото осигурување со ковид-19 од Кроација е достапно како индивидуално или семејно и важи за патувања во земјите од Европа, Египет, Турција и Русија. Со јасно и прецизно дефинираните услови и предности, ова патничко осигурување нуди целосна здравствена заштита и покритие за ковид-19.

Комерцијален текст

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе