Парк, прв хотел со електричен полнач во Македонија

Во Парк хотел и спа, официјално се пушти во употреба станица за полнење електрични возила, којашто го прави хотелот, единствен од ваков тип во Македонија. На настанот беше присутна и еврокомесарката за транспорт Виолета Булц која во хотелот пристигна со своето електрично возило и беше првата која го употреби новиот полнач.

Во Парк хотел и спа се одржа конференција, на тема: Проект „Eдисон еСкопје“, во соработка со Сојузот на Ротари клубовите од Македонија. На конференцијата имаше кратко излагање заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, а тематска презентација имаше Изток Селјак, Хидриа/Словенија - »Edison eSkopje« и Марко Фемц, претставник од Планет–нет/Словенија.

Со оваа инвестиција Парк хотел и спа се приклучува на платформата „Едисон“ (eco driving innovating solutions and network) која има за цел да го претвори регионот во лабораторија на идната зелена мобилност.

„Сакаме да ја поттикнеме и индустријата да се вклучи во овие трендови“, изјави Изток Селјак, координатор на проектот „Едисон“ преку кој се очекува да се електрифицираат автопатиштата во регионот. Токму затоа е формиран проектот „Едисон“ кој здружува 50 компании, универзитети и институти во Словенија, а сега се проширува и низ цела ЈИЕ преку концептот „Едисон е-сити“ со лансирање инфраструктура на полначи за електрични зелени возила, зелени такси, кар шеринг, а сакаме да ја поттикнеме и индустријата и производството да го искористи „Едисон“ за нови иновативни решенија и зелен коридор од Љубљана до Скопје, Приштина и Тирана во должина од 1.400 километри“, изјави Изток Селјак.

„Парк хотел и спа продолжува со еко проекти кои влијаат позитивно на животната средина. Постојано воведуваме технолошки новини во работењето и спроведуваме низа на активности за превенција од дополнително загадување на животната средина и подобрување на истата. Oпштествена одговорност за нас претставува дејствување пошироко од рамките на националните закони и општесвени легислативи. Во оваа насока ние внимаваме како нашето дејствување влијае на нашите вработени, посетители, општествената заедница и животната средина“, изјави генералниот менаџер на Парк хотел и спа, Панајотис Колокатис.

 

http://parkhotel.mk

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе