Агенцијата за поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Парична поддршка за нови лозови и овошни насади, ароматични растенија или медоносна флора

Сите земјоделски стопанства кои во периодот од 1 септември 2020 година до 31 март годинава подигнале нови повеќегодишни лозови, овошни насади или ароматични растенија и медоносна флора (еводија, багрем и фацелија ) ќе можат да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку мерката 121 „Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства". Финансиската поддршка за прифатливи трошоци по корисник изнесува 2,5 милиони денари, информира Агенцијата за поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Агенцијата наведува дека за да може да се аплицира за добивање на оваа поддршка потребно е барателите садниците да ги имаат набавено од снабдувачи кои се запишани во регистарот на снабдувачи на семенски материјал и во регистарот на снабдувачи на саден материјал.

Средствата се обезбедени преку програмата за рурален развој, а оваа поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.

Крајниот рок за доставување на барањата е до 30. 09.2021 година, а детални информации поврзани со апцирањето може да се прочитаат на страницата на Агенцијата.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе